Владата донесе одлуки за именување директори и в.д. директори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.

Согласно овие предлози, Владата ја прифати оставката на Борче Хаџиев, и го разреши од должноста директор на Фонд за осигурување на депозити, на негово барање, и за в.д. директор го именуваше Амир Шабани.

Како што соопшти владината прес-служба, прифатена е и оставката на Армир Садики, и тој е разрешен од должноста в.д. директор на Бирото за јавни набавки, и за директор на Бирото го именуваше Борче Хаџиев.

– Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија Ц.О. Скопје, за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

На седницата е прифатена и оставката на Орхан Рамадани и тој е разрешен од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на негово барање. Именуван е Фатон Ахмети за в.д. директор на Фондот на здравствено осигурување до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.

Бесир Деари е именуван за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот