
Влада: Не е згрешено државното знаме во јубилејното лого за „30 години независност“
По реакциите на социјалните мрежи дека на логото по повод 30 годишнината од независноста на државата е погрешено државното знаме, од владината прес служба велат дека јубилејното лого за „30 години независност“ е составено од повеќе елементи, меѓу кои и сонцето, велат за „Слободен печат“
Препорачано
-МК30 логото за јубилејот „30 години независност“ е составено од повеќе елементи, меѓу кои и сонцето. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон- велат од владиниот оддел за односи со јавност.
При денешната презентација на јубилејното лого „30 години независност“, владините потпароли истакнаа дека логото е историски заснована, национална, црвена основа и обединети се симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста.
Додека, Сонцето, каде што се разликува од она што е на државното знаме и за кое има реакции на социјалните мрежи дека е погрешно креирано, според владините преставници, го преставува уставното име, меѓународниот МК код, а бројот 30 раскажува за државноста.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23сек
-
9мин
-
15мин
-
24мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5