
„Виз ер“ го намалува капацитетот на патници на балканскиот пазар, опфатени и Скопје и Охрид
Авиокомпанијата „Виз ер“ во четвртиот квартал од оваа година го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година.
Препорачано
– На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта. На Скопскиот аеродром за 22,6 проценти се намалува вкупниот капацитет, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858 – пишува порталот на Екс-Ју авијација.
Во Белград, и покрај тоа што ќе има повеќе летови во претстојните два месеца во споредба со минатата година, „Виз ер“ ќе го намали својот вкупен капацитет во последниот квартал од годината за 27,6 проценти, намалувајќи 148.292 седишта од пазарот, додека во Ниш ќе има 36.316 помалку места или намалување од 57,2 порценти во однос на 2023 година. Тоа, стои во објавата, резултира со отстранување на 9.366 места од пазарот.
Во Подгорица, „Виз ер“ го намалува капацитетот за 7,3 проценти или 5.452 седишта, а во Љубљана, со една линија помалку од лани, превозникот ќе има 44,9 порценти помал капацитет на словенечкиот пазар или 11.756 седишта помалку.
Порталот пишува дека следната година „Виз ер“ планира приземјување на 35 авиони.