
Виткоф најверојатно ќе се повлече од функцијата
Порталот „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel), повикувајќи се на неименувани извори објави дека специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блиски Исток и Украина, Стив Виткоф најверојатно ќе се повлече од функцијата до крајот на годината.
Препорачано
Виткоф, кој доби широки овластувања во вториот мандат на Доналд Трамп за посредување во мировниот процес во Појасот Газа, како и за спроведување консултации за Украина и Иран, размислува да замине откако ќе биде постигнат напредок во преговорите за завршување на војната во палестинската енклава.
Тој за специјален пратеник беше именуван во ноември 2024 година. Виткоф, кој немаше дипломатско искуство стана познат како „специјален пратеник за се“ поради широкиот спектар на теми со кои се занимаваше.
Неговиот пристап се базираше на директен контакт со лидерите и известување на претседателот, честопати заобиколувајќи го Стејт департментот.
Веста за евентуалното заминување е објавена кога е презентиран на мировниот план на Трамп за Појасот Газа. Документот предвидува итен прекин на огнот, размена на заложници и затвореници, демилитаризација и дерадикализација на Газа, како и реконструкција на инфраструктурата под меѓународна контрола. Воспоставувањето привремена администрација и специјална економска зона, се исто така дел од предложените мерки.
Според Виткоф, овој модел би можел да се користи и за други кризи, вклучително и украинскиот конфликт.