хималајска сол

Вистината за ХИМАЛАЈСКАТА СОЛ: Во овие митови не треба да верувате

Хималајската сол е еден од трендовите во исхраната кој не губи од популарноста веќе неколку години.

Нутриционистите предупредуваат дека целосното исфрлање на солта од исхраната не носи ништо добро, освен ако за тоа нема сосема издржана здравствена причина. Здравите луѓе треба да ја користат во ограничени количини, држејќи се до препорачаните дози.

Ова се митови за хималајската сол во кои треба да престанете да верувате:

Поскапо не значи и поздраво

Вистина е дека хималајската сол е поздрава од обичната готварска, но тоа не ја прави апсолутно здрава за употреба. Освен тоа, ако ја користите премногу, тоа ќе ве чини многу пари, а мала разлика кога се во прашање нутритивните вредности.

Смеете да ја користите неограничено

Внесот на натриум мора да се ограничи, без разлика преку каква сол го внесувате. Препорачаната дневна количина е околу 5 гр, што лесно се надминува поради присуството на сол во речиси сите индустриски прехранбени производи.

Хималајската сол содржи хранливи состојки кои ги нема во готварската сол. Подобар избор е да купите морска сол.

Здраво е да се исклучи солта од исхраната

Не смеете да одите ниту до таа крајност. Солта треба да ја исфрлат оние кои имаат одреден здравствен проблем, но во суштина, таа е важен нутриент и содржи електолити кои се потребни за правилно функционирање на телото.

Ако поради некоја причина треба да ја исфрлите од исхраната, подобро е да користите зачини кои ќе надоместат за вкусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот