
ВИДЕОИНТРВЈУ | Сребрена галичка свадба за Меловски: Тогаш немаше игла кај да фрлиш од народ
Горан и Нела Меловски оваа година слават сребрена галичка свадба. Горан има потекло од Галичник и без размислување сакал да биде галички зет, а Нела е скопјанка која пред 25 години со радост кажала „да“ за да биде галичка невеста. Нашиот разговор со нив се одвиваше во нивната кафеана во Галичник. Горан вели дека со сите сетила е приврзан за ова место, „порано овде беше врвулица“, како што вели, „ја отворив оваа кафеана, ние галичани мора да се трудиме да го одржиме Галичник во живот“.
Препорачано

Пред камерата на „Слободен печат“ се присетија како се чувствувале пред 25 години.
– Среќно и возбудено, но морам да бидам искрена дека бев и многу збунета. Убаво е чувството да дадеш свој придонес во негување на македонската традиција, но и одговорноста е голема. Мислам дека порано повеќе беше ценета оваа манифестација. Паметам, на нашата свадба овде не можеше да се помине од луѓе, игла немаше кај да фрлиш. Низ годините како да замира интересот за гости – вели Меловска.
За разлика од тоа што посетеноста е помала, Меловски додава дека го радува тоа што кај новите генерации галички деца желбата да бидат учесници на Галичка свадба е од година во година сè поголема и поголема.
– Забележувам дека кај младите стана тренд Галичката свадба, секоја година се зголемува бројот на кандидати за галички зет и невеста – вели тој.

Триесетината адети се предизвик за младенците, но не е тешко затоа што организаторите многу помагаат, појаснува Меловска.
Погледнете го целиот разговор во продолжение: