Жанета Скерлев / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

ВИДЕОИНТРЕВЈУ| Скерлев: Лабуристите претпазливи околу кампањата, им ги крадат идеите

Англија гласа на 4 јули. Во тек е тамошната предизборна кампања каде политичарите се обидуваат преку слаткоречивост и низа ветувања да го убедат гласачкото тело да им ја даде довербата на нив.

Според предвидувањата ќе се смени владата, односно после 14 години власт на ториевците, конзервативците, според анкетите на власт би требало да дојдат Лабуристите, вели за „Слободен печат“, Жанета Скерлев, дописничка и колумнистка од Лондон.

– Според анкетите е така, повеќе од двојно е предноста на лабуристите над конзервативците во земјата. Во Лондон е уште полошо за сметка на конзервативците, бидејќи се предвидува дека ќе бидат речиси избришани во престолнината, во главниот град на Велика Британија. Лондон секогаш бил поинаков од остатокот на Велика Британија, секогаш тука се гласало поинаку, Лондон никогаш не гласаше за Брекзит, на пример – вели Скерлев.

Околу тоа дали овој политички пресврт бил очекуван, Скерлев вели и повеќе од очекувано, бидејќи ништо од ветеното не било исполнето.

– Многу ветувања имаше, меѓутоа ништо тоа не се оствари, на пример ветувањето на Риши Сунак дека ќе ги среди состојбите со незаконските имигранти, дека ќе полетаат авиони за Руанда, не полета ни еден авион, полетаа само неколку министри, но ништо од тоа. Се велеше дека за економијата, дека ќе пркне малку, дека ќе се намалат каматните стапки, повторно ништо. Куп ветувања, на тоа треба да внимаваат политичарите кога даваат ветувања, дали може да се остварат или не бидејќи порано или подоцна ќе им се удри од глава-рече таа.

Британците се соочуваат со бројни домашните проблеми, додава Скерлев, како листата на чекање за јавното здравство, која е неколку милиони, се вели дека 7,5 милиони Британци чекаат да бидат прегледани или третирани во јавното здравство. Владејачката партија го уништи здравството, пишуваат тамошните медиуми.

– Проблемите со образованието, проблемите со економијата. Ако се сеќавате години, наназад имаме штрајкови тука. Минатата недела имаше штрајк во транспортот на возовите. Уште не е средена ситуацијата со младите доктори кои штрајкуваат за подобри плати и подобри услови за работа.Се нешто во најава. Типично со политичарите, ќе направиме ова, ќе средиме ова, чекаат луѓето што ќе се случи-вели таа.

Ако Конзервативците имаат 5 ветувања кои не ги исполнија, Лабуристите велат 7 ветувања кои треба да ги исполнат.

– Интересна работа е тоа што Лабуристите имаат лошо искуство со конзервативците, бидејќи низ годините, посебно последните години, кога ќе кажат некој свој предлог или некоја идеја, како тие кога би дошле на власт би направиле таа идеја конзервативците ја употребуваат. Па така овојпат Лабуристите се многу внимателни што кажуваат во детали, бидејќи имаат лошо искуство, им беа буквално украдени идеите и проектите, програмите што ги планираат. Сега се забележува дека се многу воздржани да објаснуваат детали, бидејќи сметаат дека имаат искуство, дека им се земаат темите. Тој недостаток на детали беше проблем во предизборната кампања, бидејќи властите ги напаѓаат опозиционерите, дека не кажуваат многу и дека ќе доведат земјата во неизвесност, но сепак како што сега стојат работите, оваа воздржаност може би повеќе оди за бенефит, за предност на лабуристите, па ќе видиме-рече Скерлев.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот