за почиста Македонија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | „За почиста Македонија“: Не барај човек за пример, туку биди ти примерот

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Петар Стевановиќ и Марко Гапо се еко активисти, основачи на „За почиста Македонија“. За „Слободен печат“ велат дека нивната организација е дом на гринфлуенсери.

-Почнавме во 2020-та летото, во јуни некаде, преку, да речам, предизвик на социјалните мрежи каде што ние ги мотивиравме луѓето што одат за викенд да се релаксираат на планина или на река, езеро, во нивното село, во дедовина, каде било, едноставно да отидат на местото и да го направат, односно да го остават почисто од тоа што го нашле- велат Стевановиќ и Гапо.

Марко Гапо – за почиста Македонија / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Објаснуваат дека некогаш се случува додека организираат акција и додека трае акцијата, додека чистат да им се приклучуваат луѓе.

-Се случува, да помине некој човек и да види, да се заинтересира или да праша: „Дечки, што правите? Може и јас да ви се приклучам?“ Имаше многу луѓе што ни праќаа слики, видеа, и ние ги објавувавме на нашиот Инстаграм-профил. И со други членови на тимот оформивме поголема екипа, која направи многу сериозни проекти, односно сериозни чистки. Во држава каде што 90 отсто од вестите се црна хроника, лоши вести, ние сакаме да бидеме позитивата на денот. Од институциите поддршка имаме кога-како, зависи како се расположени. Тоа е и нашето мото: „Не барај човек за пример, туку биди ти примерот. Покажи им на другите како треба- велат Стевановиќ и Гапо.“

Петар Стевановиќ – за почиста Македонија / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот