Жанета Скерлев / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Владата ја спаси последната железарница во Велика Британија

Експресната интервенција на британската влада, со вонредна седница на парламентот и едномисленоста, како реткост на партиите од опзицијата и од власта,  ја спречи пропаста што можеше да се случи ако продолжеше да тоне фабриката за челик во Сканторп. Станува збор за последната железарница која произведува суров челик во Велика Британија. Во 2019 владата на чело со Борис Џонсон ја продаде на кинеската фирма Џингје (Jingye), и се до овој момент ја водеше кинеска компанија, вели за „Слободен печат“ новинарката Жанета Скерлев.

 

– Ова е деновива една од главните теми во Обединетото кралство, бидејќи не се случува секој ден вакваитна интервенција на владата со воредна седница на парламентот, каде што за многу кусо време беше изгласано дека владата ќе стави посебни мерки и ќе преземе за железарницата од Сканторп во свои раце. Зошто? Бидејќи работата во комапнијата одеше во надолна линија. Останаа да работата две од четирите печки. Печките беа именувани по имињата на англиските кралици Бес, Мери, Ан и Викторија. Со цел да ја спречи опасноста пд затворање на железарницата британската влада на некој начин ги стави своите раце во погонот за да ја спаси – вели Скерлев.

Вкупно 2.700 работници ќе ја загубеа работата

Во железарницата има 2.700 вработени. Ризикот да останат без работа бил голем, па деновиве имаше и протести кои како што вели Скерлев ја потсетиле на скопска Железара, каде што работел нејзиниот татко.

– Се работи за т.н синдром на саламандер, кога ќе се оладат печките, потоа е многу тешко, речиси невозможно да се запалат пак. Ова го знам бидејќи мојот татко работеше во Железара во Скопје и знам колку е комплексен целиот тој процес. Ги памтам тие непроспиени ноќи кога тој спиеше на работа. И овие протести овде ме потсетија на скопската железара и на тоа кога и тие работници протестираа. Ја бев тогаш млада новинарка во Нова Македонија, кога вработените од Скопската железара протестираа и доаѓа пред парламентот и тоа беше еден од првите штрајкови во Македонија, кога маршираа на кај собранието и викаа: Иде Железара, иде Железара! – вели таа.

Скерлев додава дека со затворањето на британската железарница ќе исчезнал цел град, но и национален симбол на земјата, последната компанија, последната институција во земјата која произведува суров челик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот