Симеон Атанасоски/ фото: Приватна архива

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Што ја чека Македонија во 2025 година, го прашуваме астрологот Атанасоски

Добрата планета Јупитер од јуни поминува во знакот на близнаци, тоа подразбира здружувања, но и разделби како во светот така и кај нас, вели за „Слободен печат“ ведскиот астролог Симеон Атанасоски. За тоа што нè очекува во 2025 година на политички план, како ќе се развива надворешната политика, што му претстои на здравствениот и на економскиот сектор, дознаваме од анализата и претскажувањата што Атанасоски ги направи специјално за нашиот медиум.

– Подолго време имаме влијание од Сатурн (планетата на ограничување) која се позиционира во водолија, тоа ќе влијае на бавна моторика на мускулниот дел и воопшто успорување на нештата, генерално во светот. Во 2025 година Сатурн ќе продолжи да прави забавување на некои процеси, но бидејќи е во водолија тоа значи и револуција во компјутерските вештини. Во развиените земји ќе има десничарско влијание. Историски гледано, уште од Октомвриската револуција Сатрун кога од јарец преминува во водолија прави транзициски проблеми на глобално ниво. Трговската војна ќе биде актуелна во светот – вели Атанасоски.

За нашите политички чинители претстојат погодни периоди сконцентрирани во првата половина од годината.

– За премиерот Христијан Мицкоски ќе има добра агенда во првата половина од годината, посебно март и јуни. Економскиот сектор ќе има проблеми во март. За прашањето поврзано со ЕУ периодот од крајот на мај до почеток на јуни ќе биде доста затегнат. Позицијата и опозицијата ќе бидат опонентни меѓу себе и тешко ќе се договараат. Првата половина на годината ќе биде многу важна и за надворешната политика која се рефлектира и на завршетокот на годината. Февруари и март пак имаат влијание врз внатрешната политика. Доколку се одговори добро на политичките предизвици во овие клучни моменти тогаш септември би бил добар за нашиот премиер, но воопшто и за Македонија, бидејќи Јупитер тогаш веќе влегува во близнаци, а тоа значи компаративни вредности со државите – зголемена трговија, подобра комуникација со нашите соседи – рече Атанасоски.

На здравствен план две полиња на населението се чувствителни, додава нашиот соговорник и вели дека политичките одлуки во мај ќе влијаат на здравството. Белодробните болести ќе бидат повеќе застапени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот