
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Првата жена снајперист во МВР: Привилегија е да се биде рамо до рамо со посилниот пол
„Слободен печат“ во знак на Светскиот ден на жената 8 Март, во потрага по жени кои со својата работа ги рушат стереотипите за одредени машки професии.
Препорачано
Оваа седмица ја посветуваме на храбрата „понежна половина“ и преку нашиот серијал ве запознаваме со неколку дами кои се единствени, уникатни и посебни по својата работна позиција.
Денес на денот на жената екипата на „Слободен печат“ на полигонот за вежбање на Единицата за брзо распоредување. Наша гостинка првата жена снајперист во единицата, но и во цело Министерство за внатрешни работи. На оваа позиција работи повеќе од 16 години. Вели дека за ништо не би го менувала работното место и да го врати времето назад повторно би ја одбрала оваа професија.
Таа им пркоси на стереотипите дека снајперисти можат да бидат само мажи.

– Да се биде жена снајперист е чувство кое не може да се објасни со зборови. Не е доволно само да се има желба, треба да се сака работата пред сè. Ме исполнува во целост оваа професија. Секој не може да биде снајперист-вели припадничката на ЕБР.
Вели дека има сериозна и голема одговорност.
– За да бидеш снајперист пред сè треба да си психофизички стабилен, смирен и прецизен-вели таа.
Целта и е уште повеќе да се обучува и усовршува.
– Во единицата сум неполни 16 години. Од нив околу 15 години по специјалност сум снајперист-вели таа.

Околу тоа како тече работниот ден вели дека доколку немаат некои активности работното време започнува во 8 часот наутро.
– Најпрво се постројуваме, одиме на спорт, потоа појадуваме, одиме на обука и така завршува еден нормален работен ден. Доколку одиме на терен денот тече сосема поинаку-вели снајперистката.
Вели дека во нормални услови имаат осумчасовно работно време. Како жена објаснува дека посетува и козметички салони.
– Секако дека има слободно време, најчесто го користиме да се видиме со своите блиски, но покрај тоа одвојуваме слободно време да се едуцираме и усовршуваме во знаењето-вели таа.
Како жена вели дека посветува многу внимание на негата. Оди на третмани, посетува козметички салони.
– Се разубавувам секако, користам шминка која мора да биде дискретна во текот на работењето-вели снајперистката.

Околу соработката со машките колеги вели дека е одлична.
– Во Единицата за брзо распоредување работиме петнаесетина колешки. Ја имаме максималната поддршка од нашите старешини, колегите како за време на обуката така и во тек на извршување на задачите. Во никој поглед не сме поделени ниту пак дискриминирани по пол или по задачите кои ги извршуваме-вели таа.
На младите им препорачува да не се плашат да ги остварат своите соништа.
– Младите девојки доколку имаа желба не треба да се плашат да си ги остварат своите соништа и своите цели. Не е тешко доколку се сака една ваква професија. За мене не е тешка, за останатите треба да се обидат и да видат-вели припадничката на ЕБР.
Вели дека ако го врати времето назад вели дека повторно би била овде каде што е.

– Ова е привилегија да се биде рамо до рамо со посилниот пол. Покрај специјалноста работам и извршувам задачи тимски со моите колеги по потреба сна Министерството за внатрешни работи. Тука спаѓа справување со криминални банди, апсење на сторители на тешки кривични дела, зачувување на јавниот ред и мир, обезбедување на јавниот ред и мир, обезбедување на ВИП личности и многу други задачи при Министерството за внатрешни работи- вели снајперистката.
Целото интервју погледнете го во продолжение: