Проф-Др Јован Близнаковски ИСППИ /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Проф. Близнаковски: Клиентелизмот во Македонија не запира, туку ескалира сo посилно темпо

Клиентелизмот е појава што е присутни три децении во Македонија и во држави на Западен Балкан, но била карактеристична во минатото и за држави со долгогодишна парламентарна историја. Македонија сега е пред нов циклус избори и клиентелизмот од политичките партии спрема гласачите ќе биде присутен преку ветување за вработувања и други форми. Клиентелизмот може да се препознае и има форми преку кои се манифестира пред изборите и по нивното завршување, вели проф. д-р Јован Близнаковски политикологот од ИСППИ во утринската емисија на Слободен печат.

– По клиентелизам ја подразбираме секоја ситуација каде што едно лице, граѓанин или гласач ќе добие одреден материјален бенефит, составен од финансиска помош, вработување или услуга од институција или политичка партија, а во замена за тоа тој треба да испорача нешто, најчесто спрема политичката партија, сопствениот глас на избори. Забележани се освен гласот и други форми на политички активизам од граѓаните како форма на клиентелизам, како што се обезбедување гласачи, учество на митинзи и состаноци, агитација и сл. Значи бараме ситуација каде што некој ќе ја предаде својата политичка поддршка за некоја материјална добивка – вели Близнаковски.

Според него македонскиот граѓанин во овие три децении е клиент на политичките партии пред избори и се забележани многубројни примери на такво и слично однесување на политичките партии и гласачи.

– Промените тешко или малку се случуваат на подобро, од една страна, односно политичките субјекти стануваат многу вешти во задоволувањето на потребите на гласачите, за да го прикријат клиентелистичкиот однос на граѓаните, од друга страна. Постојат примери на вакво однесување во државите од Западен Балкан и Македонија не е исклучок во овој поглед – оценува професорот.

Како што објаснува Близнаковски клиентелистички ветувања за вработувања ќе има и за овие избори во Македонија од политичките партии од власта и од опозицијата.

– Нашите партии од почетокот на повеќепартискиот систем започнуваат со клиентелизам и со појавата на натпревар меѓу нив тие го развиваат клиентелизмот и се подобро го прават. Според мене, секој наш граѓанин има некоја приказна дека знае за друг граѓанин дека се вработил откако бил „клиент“ на политичката партија пред избори. Таа ги задоволила неговите потреби по неговиот ангажман за партијата пред изборите. Оваа појава не запира, туку ескалира во посилно темпо, потенцира професор Близнаковски.

Повеќе од интервјуто на Близнаковски погледнете го во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот