Жаклина Лазаревска/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Лазаревска: За наставникот најдобар подарок од учениците е ако го надминат во знаење

Пратеничката од СДСМ во македонското Собрание, Жаклина Лазаревска, смета дека Собранието на Македонија во голем дел ја завршило својата планирана работа во споредба со претходните парламентарни состави, а работело во особено отежнати општествени услови, како што беше пандемијата со ковид и слично. Нејзината позиција како пратеник на новата листа на СДСМ во петтата изборна единица на шесто место прави да биде задоволна и да очекува да биде избрана во новиот состав и оценува дека тоа претставува позитивна оцена за нејзината работа.

– Јас ниту сум користела, ниту сакам да користам говор на омраза, бидејќи зборуваме за политика, за различни политички концепти. Меѓутоа, не зборуваме за непријатели или за луѓе што се мразат меѓусебно. Истовремено и како жена и како пратеник бев подложна на говор на омраза во Собранието на Македонија, од една страна и не побарав сатисфакција, иако колешките реагираа на таквото однесување на пратеникот, од друга страна. Според мене импулсивноста може да предизвика непријатни ситуации и на крајот од колегата добив извинување, но не побарав тоа јавно да го направи – вели Лазаревска.

Основата на секое општество е образованието и според, Лазаревска воведувањето на екстерното тестирање било аларм и удар врз наставниот кадар и со гордост потенцира дека во првиот мандат со задоволство гласала за измена на тогашните законски решенија.

– Ми беше предизвик во одредени законски решенија да бидам гласна. Недозволиво беше да биде оценуван наставниот кадар врз основа на тестирања врз учениците. Да биде оценуван наставникот во ситуација каде што има многубројни недоследности и нелогичности, врз основа на резултати од тестирање на учениците за тоа каков професор или наставник сте е незамисливо. Од најдобрите треба да користиме примери. Ние мораме да ги прилагодиме таквите искуства и да креираме сопствен концепт на образование и воспитување со користење на искуствата од најдобрите. Во центарот на воспитно образовниот процес мора да бидат учениците и сите други фактори се во функција, учениците да бидат комплетни личности и ќе работат на изградба на државата.

Целото интервју со Лазаревска можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот