Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски- „Самоспознавање“

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дарко Беровски: „Спознавање“ почна сосем спонтано

Дарко Беровски е креатор на платформата „Спознавање“, која започнала како спонтан проект со мисија да промовира алтернативно уметничко изразување на младите креативци. Платформата организира и настани, а последното издание на „Спознавање“ било во сито-печат  и промовирано преку социјални медиуми.

Списанието е основано како дигитален медиум во јуни 2022 година, кое прерасна во печатен медиум со пет изданија. Ова движење има за цел не само да го зајакне медиумското присуство на младите уметници, туку и да ја врати навиката за читање печатени медиуми кај младите.

Идејата за неговото списание произлезе во неговите студии во Берлин, читајќи еден весник, со цел да креира печатено списание во кое длабински ќе интервјурира само музичари.

-„Спознавање“ почна сосем спонтано. На првото издание беа вклучени околу 5 фотографии, од помлади најчесто, и исто така со текот на времето се вклучија и графички дизајнери, но и луѓе што пишуваа колумни – раскажува Дарко за „Слободен печат“.

Foto: Diogen Hadži-Kosta Milevski- „Samospoznavanje“
Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски- „Самоспознавање“

Втората идејна точка на Дарко и неговиот тим беше организирање на настани. После првиот успешен настан, тие организирале уште пет.

-Досега сме соработувале со МКЦ Скопје, каде го организиравме првото и второто издание, второто издавање беше во соработка со „Здраво Млади“. А третото и четвртото издание се префрливме во „Лабораториум“. На нашето последно издавање на списанието имавме и свирки, а веќе со тек на време, самите настани прераснаа во изложба и базар.

Foto: Diogen Hadži-Kosta Milevski- „Samospoznavanje“
Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски- „Самоспознавање“

Беровски нагласува дека секој може да предложи свои идеи и да учествува. Платформата е отворена за нови изрази и различни видови на креативност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот