Д-р Митка Тренчева / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Тренчева: Магарешката кашлица не се лекува со магарешко млеко

Пертусис, голема или магарешка кашлица, како се лекува, дали магарешкото млеко лекува магарешка кашлица, колку има заболени пациенти од децата, но и кои се симптомите одговор во утринската емисија „Слободен печат“ побаравме од педијатар доктор Митка Тренчева од ПЗУ „Митка Тренчева“.

– Грипот е при крај, поминува сезоната иако сè уште има заболени, сега се присутни варичела, посебно кај деца од градинка. Кај нас не се вакцинира од варичела иако има таква можност, но родителите не знаат бидејќи не е во редовната вакцинација. Но чекалните се полни и со заболени од пертусис односно голема кашлица која го достигна својот врв периодов-вели Тренчева.

Таа објаснува дела најголем проблем се појавил поради пропуштените дози од ревакцини во период на ковид пандемијата.

– Тогаш најчесто се пропуштаа ревакцините поради целата состојба. Има доста деца заболени со црна кашлица, имам и меѓу моите пациенти деца заболени од црна кашлица. Најмалото бебенце беше на два месеци. Тоа не беше сè уште вакцинирано и ја имаше типичната кашлица со зајдување. Болеста е опасна само за најмалите деца, додека кај поголемите е со полесни симптоми. Само тоа дете заврши со болничко лекување. Другите делумно вакцинирани и невакцинирани немаа тешка слика-вели докторката.

За почетокот на симптомите со црна кашлица вели дека се многу слични како кај другите белодробни зарази.

– Почнува со поблаги симптоми. После прва фаза настанува втора фаза после 2 недели приближно и таа фаза може да трае еден месец. Кај бебињата е со вообичаена апнеа и со помодрување, може да развијат грчеви односно конвулзии кои подоцна може да бидат причина за оштетување на Централниот нервен систем. Често може да заврши и смртно-вели Тренчева.

За кашлицата објаснува дела трае долго и често звучи како рикање на магаре па така го добила името. Објаснува дела може да има и по 40 напади во текот на денот кои го нарушуваат целокупното функционирање на децата и родителите.

– Пертусис се докажува со брис и се лекува со антибиотици. Се нарекува и кашлица од 100 дена-вели докторката.

За врската меѓу магарешкото млеко и големата кашлица, Тренчева вели дека Големата кашлица се лекува со антибиотици, магарешкото млеко е наменето за малите на магарињата.

– Ова е мит, бидејќи се мисли дека е појако млекото и затоа се лекува со него. Кашлицата се вика црна или магарешка поради звукот кој го дава при кашлање, но не се лекува со магарешко млеко-вели Тренчева.

Разговаравме за вакцинација, за безбедноста на лекарите, за ХПВ вакцината, алергиски ринитиси.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот