
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бојана Наумовска, професор: Македонија треба да биде една изборна единица
По изборите во Македонија, повторно станува актуелно прашањето за изборниот модел, смета Проф Д-р Бојана Наумовска и додава дека нејзиниот Институт за социолошко-политичко правни истражувања во овој период се занимава и со изборните модели или постизборната анкета.
Препорачано
Институтот не може да се пофали со поголеми значајни проекти од причини што Владата не покажала заинтересираност да ја вклучи науката.
-Лично направив симулација на добиените изборни резултати од парламентарните избори кога Македонија би била една изборна единица со користење на Донтовата формула за добиени мандати. Во принцип оваа формула ги фаворизира големите партии, но со воведување на една изборна единица од постојните шест се дибиваат 4 пратенички мандати за малите партии. Ова го изјави Проф. Д-р Бојана Наумовска, директорка на ИСППИ од Скопје во емисијата Слободен печат на Слободна ТВ.
Мали политички партии е израз и состојба за еден политички субјект што се користи врз основа на добиени гласови односно мандати во парламентот. Во нејзиниот докторат ја анализира оваа состојба, истакнува професорката Наумовска и додава дека тоа е оној субјект што учествува самостојно, има најмалку еден пратеник во парламентот и не може да формира влада.
-Изборниот праг варира од држава до држава и се движи од 3 до 5 проценти и има и држави што немаат изборен праг. Ние како држава ако користиме изборен праг не би бил поголем од 3% што значи овие мали партии го исполнуваат таквиот цензус. Во овој период сметам дека е подобро да нема цензус односно да биде 3% бидејќи интересот за учество на изборите не е големо и на овој начин треба да се создадат услови за нови и други политички субјекти, истакна професорката Наумовска.