Проф. Биљана Банковска /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Билјана Ванковска: Јас сум суверенист, а Македонија не смее да биде колонија

Светот е „апсајд даун“, би рекле наопаку поставен. Ова е орвелијански свет во кој велат мирот е војна, а војната е мир. Сега тука веќе таблата се менува и реториката и тие квалификации не важат. Мораме да се сослушаме, а не стави му некому етикета и готово тој нема право веќе да ја каже позадината на тоа твое тврдење. Така што да, ја сум суверенист во смисла на тоа дека Македонија не смее да биде колонија и ова што ни го приредија во овие 30 години е нешто што ни една генерација нема да ни го прости, вели Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица за претстојните избори, која беше запрашана зошто левичарите денеска се суверенисти, а конзервативците се глобалисти, иако тоа во минатото не беше случај.

Во утринската програма на Слободен печат, Ванковска говореше за својот однос кон договорите што ја дефинираат внатрешната и надворешната позиција на Македонија, сметајќи дека рамковниот, преспанскиот и договорот за добрососедство се штетни за нашата земја.

Што се однесува до НАТО, таа вели дека е исклучиво против членството на Македонија во каков било воен сојуз. За Европската Унија, пак, Ванковска вели дека ѝ недостасува демократски капацитет, иако не ја отфрла идејата за наше полноправно членство во Унијата.

На прашањето дали е антиалбански кандидат, таа порача дека е космополит, додека за тоа дека пропагира руско влијание во Македонија, ја истакна негативната руска историска улога и формирањето на Санстефанска Бугарија, која директно оди на штета на Македонија. Во однос на војната во Украина кажа дека се работи за класична инвазија на Русија, со што е прекршено меѓународното право.

Таа ги демантираше шпекулациите дека зад нејзината кандидатура во заднина стојат поголемите политички партии.

– Некој шпекулираше дека СДСМ ќе ми ги собере потписите, а други, пак, тврдат дека ВМРО ми ги собира потписите за потоа во вториот круг да ја вратам поддршката – истакна Ванковска.

Повеќе од интервјуто на Билјана Ванковска погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот