Фото: Слободен печат-Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Зошто се слави 13 Ноември?

На Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали знаат зошто се слави денешниот ден. Најголем дел од анкетираните знаат што е 13 Ноември, но имаше и неколкумина кои не знаеја зошто се слави.

– Па ден на ослободување на Скопје. Голем празник, само треба да се почитува и да се слави. И сите да го цениме тој ден – рече една повозрасна госпоѓа.

– Како да не знам, јас сум возрасен човек којшто го славел, и пак ќе го славиме денот на ослободувањето на мојот роден град Скопје – кажа случаен минувач.

Од анкетата можеме да заклучиме дека поголем процент од повозрасното население, знаеше што се случило на 13 ноември, а добивме и по неколку негативни одговори од помладите кои не знаеја за настанот кој се случил на овој ден во 1944 година.

– Ослободување на Скопје мислам дека е, на градот. Од фашистите, од окупаторот. Јас сум од постарите, знам. Има некој што не знае? – гордо праша една повозрасна скопјанка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот