Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали треба да се смени државниот грб?

Дали треба да се смени државниот грб? Што мислат граѓаните по повод ова прашање? Зошто треба да се смени, а зошто не треба? Што треба да  содржи? „Слободен печат“ спроведе анкета во која ги праша граѓаните за нивното мислење.

Околу ова прашање за промена на државниот грб, граѓаните имаа поделени мислења. Дел од нив сметаа дека државниот грб не треба да се смени, некои пак беа за промени или отстранување на некои елементи од него.

– Од една страна редно е да го сменат грбот, бидејќи ме асоцира на она комунистичко време. А од друга страна ми е жал, имаме носталгија, па зошто да го сменат? Научени сме на него. Ги има сите елементи што ги поседува Македонија. И затоа не би сакал да се смени – изјави еден од анкетираните.

Еден од анкетираните, во однос на прашањето за промена на грбот одговори дека би прифатил одредени промени.

– Нека има што сака, само не лав, сепак во Македонија живеат многу националности – изјави тој.

Но, некои од граѓаните воопшто не беа ни запознаени со најавата за можна промена на државниот грб.

– Јас првпат го слушам ова од вас. Според мене е нереално да се смени грбот, затоа што од таму и химната ни доаѓа. Не знам, немам зборови на оваа тема, да бидам најреален – рече еден од случајните минувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот