
ВИДЕОАНКЕТА | Дали следите инфлуенсери?
Една од актуелните професии на модерното време е инфлуенсерството. Оние кои се занимаваат со оваа работа важат како креатори на јавното мислење и секој од нив е посветен на одредена област за која се труди да влијае врз своите следбеници.
Препорачано
Инфлуенсерството во моментов во Македонија е во пикот на својот развој и инфлуенсерите најчесто го споделуваат своето мислење или даваат совети на одредени теми кои се во нивен домен како мода, животен стил, спортување, здрава исхрана, козметика и слично.
„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали следат инфлуенсери, какво влијание имаат тие врз општествениот и социјалниот живот, дали примениле некој нивен совет или сугестија и кој би го одвоиле како нивен омилен инфлуенсер од Македонија?
Добивме најразлични одговори на оваа тема, наидовме на граѓани кои ни кажаа дека следат инфлуенсери и ги примениле нивните препораки, но и на некои кои ги следат, но повеќе за да акумулираат забавни содржини.
– Следам повеќе американски инфлуенсери, некогаш ќе ми излезат на Тикток наши, како што е Ева Јовановска, Александар Динев, Миа Андрија, Стефан Лазаров, ќе ми излезе некогаш така поткастите, Боки 13, кога ќе има некој гаф и така натаму – рече една од анкетираните.
На прашањето дали досега имале некаков бенефит од следењето на инфлуенсерите, една случајна минувачка одговори:
– Па ми се допаѓа особено делот на инфлуенсери во последно време што го има, во делот на исхрана, во делот на вежбање, целта да се пројави свесност за поздрав начин на живот, совети за луѓето кои го запаѓаат во тешки психички состојби и слично – вели таа.