
ВИДЕОАНКЕТА | Дали граѓаните се „луксузираат“ со брендирана или пак бираат „секнд-хенд“ облека?
Во денешно време, купувањето облека е неизбежен дел од секојдневниот живот, но дали економските услови во Македонија им овозможуваат на граѓаните да си дозволат купување нова облека? Какви се нивните можности и преференции за купување гардероба, дали купуваат брендирани парчиња или не? Како и да дознаеме дали некои од нив имаат предрасуди за облеката од втора рака, односно „секнд хенд“ облеката? Одговорите се различни, за дел од анкетираните брендираната облека е луксуз, но на крај за сите е најважно дека имаат избор без оглед дали тоа е нова облека од познат бренд, купена од локална продавница, од аутлет со пониска цена или пак од веб-страници.
Препорачано
Брендираната облека може да биде скап луксуз за многумина, но тоа не значи дека не се стремат кон квалитетни производи или пак „секнд хенд“. Многумина се задоволни со локалните брендови или модни марки кои нудат пристапни цени, но се квалитетни.
-Па не сум фан на брендови. Меѓутоа го носам тоа што ми е комотно, што ми е удобно. И немам никакви предрасуди да се носи „секнд хенд“ гардероба – вели една студентка.
Од друга страна, „секнд хенд“ облеката ја преферираат помладите анкетирани, за кои многумина ова не претставува табу, а понекогаш е и добар начин да се добие облека што би им била непристапна по редовни цени.
-Генерално не гледам зошто би требало да купуваме брендирана облека. Прво, не, не е стандардот таков. А второ, користената облека не значи дека не е како што треба – објаснува една помлада девојка за „Слободен печат“.
Еден девојка, на пример, сподели дека не би имала никаков проблем да купи користена облека, сè додека таа е чиста и зачувана.
-Единствено ако се одржува хигиенски, бидејќи сепак била користена пред тоа, ако ја земам, ќе морам да ја носам на хемиско да се испере – вели таа.
Од друга страна, пак, некои изразуваат забелешки околу купувањето на „секнд хенд“ облеката со доза на сомнеж, поради хигиената и нејзиното одржување.
-Строго брендирана облека, „секнд хенд“ не. Така сум навикнат – ни објаснува еден млад дечко.
Скопјани преферираат и купување од аутлети.
-Има аутлети каде што можеш да си купиш одредени парчиња… Не знам, има веб-страници – вели една госпоѓа.