
ВИДЕОАНКЕТА | Дали ги препознавате балканските пејачки?
Музиката ги спојува народите, а тоа важи и за народите од Екс-ју државите. Балканскиот народ знае да ужива во народната фолклорна музика, но исто толку ужива и во новата новокомпонирана турбофолк музика. Во денешната анкета на граѓаните им покажавме две фотографи. На едната се наоѓа легендата на македонската народна музика, Васка Илиева Глоговац, а на другата фотографија се наоѓа моментално најактуелната пејачка во Србија, Теа Таировиќ.
Препорачано
Ги прашавме граѓаните дали ги препознаваат пејачките на сликата, што знаат за нив и кои се нивните најпознати песни?
На дел од граѓаните им беа познати и двете пејачки, на повозрасните им беше позната само Васка Илиева Глоговац, а голем дел и од нив ја знаеја српската пејачка Теа Таировиќ.
– Едната е Васка Илиева, нормално, а другата мислам дека е Теа. За неа велат дека многу игра кога настапува – изјави една поворзасна госпоѓа.
-Едната од нив ја знам, Теа Таировиќ се вика, но за неа ми рекоа дека треба да ја гледаш, но не да ја слушаш – рече една од анкетираните.
Анкетираните лесно се снајдоа со предизвикот да набројат по неколку песни на пејачките:
– „Стојан на Станка думаше“, „Туѓината пуста да остане“ и други. Јас ја обожавам Васка Илиева песните се многу емотивни, многу убави. Нејзиниот творечки опус имаше многу песни, коишто ги нудеше да ги заштитат, меѓутоа не знам што се случи понатаму – сподели една од анкетираните.
– Не знам која е пејачката од левата страна. Од Теа Таировиќ ги знам песните „Будала“ , „Мајка“, „Чок Ѓузел“, таа е нова сега знам. Јас повеќе слушам англиска музика, ретко слушам српско, но за Теа Таировиќ знам бидејќи е насекаде па дури и на постери… – вели една девојка.