Запрен бродот Маринет што носеше хуманитарна помош за Газа/Фото. Скриншот

ВИДЕО | Запрен единствениот брод со хуманитарна помош кој се доближи до Газа

Последниот брод од меѓународната флотила што носеше хуманитарна помош за Појасот Газа беше пресретнат. Израелските сили го запреа „Маринет“, како што беше снимено во преносот во живо на Глобалната флотила Сумуд, објави Ал Џезира.

Видеото првично прикажува бродови со вооружени мажи како се приближуваат кон едрилицата додека патниците го напуштиле кормилото и се префрлени во бродот.

Малку подоцна, бродовите на израелските вооружени сили се закотвени покрај бродот на мисијата, а војниците се качуваат на „Маринет“, а потоа преносот во живо е прекинат.

„Доколку се приближи, нејзиниот обид да влезе во зона на активни борби и да ја пробие блокадата ќе биде спречен“, претходно одговори израелското Министерство за надворешни работи.

Повеќе од 400 активисти на 41 брод од Глобалната флотила Сумуд беа уапсени од израелската војска за време на операција што траеше околу 12 часа, изјави синоќа израелски функционер.

ВО ЖИВО: „Ројтерс“ ја следи флотилата со хуманитарна помош за Палестинците – бродовите се доближуваат до Газа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот