Фото: Фејсбук

ВИДЕО | За пожарот кај Валандовско се бара хеликоптерска поддршка

Пожарот во Валандовскиот регион, и покрај целодневните напори за гаснење, утринава околу 5 часот повторно се реактивирал, поттикнат од силниот и топол ветер. Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 лица на терен, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментот е зафатена голема површина, при што пожарот е распространет во два огнени крака: едниот се движи кон месноста Казан дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци.

Двајца повредени при успешното гаснење на пожарот во Валандовско

– Во 15:12 часот, Градоначалникот на Општина Валандово преку бројот 112, како и по електронска пошта, упати барање до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за ангажирање воздушна поддршка. ЦУК, согласно Стандардно оперативните процедури, го процесуираше барањето и веднаш го упати до Хеликоптерската единица на МВР. Од страна на МВР беше известено дека, поради технички причини, моментално не се во можност да обезбедат хеликоптерска поддршка – се вели во соопштението.

Дополнително, ЦУК достави барање и до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), но до овој момент сè уште нема одговор.

– Паралелно, испратено е и барање до Генералштабот на Армијата за можност за ангажирање воздушна поддршка, и се очекува одговор и од нивна страна – велат од ЦУК.

Станува збор за сериозен пожар кој зафаќа голема површина со населени места од расфрлан тип, што претставува потенцијална закана за животот и здравјето на населението, како и за објекти, имот и инфраструктура во регионот зафатен од пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот