
ВИДЕО | Врглевски: Платформата „Одговорна Влада“ е ресурс за информирање на граѓаните за трошењето на јавните пари
Центарот за управување со промени ЦУП, преку 15 години веќе работи на реформата на јавната администрација, а од крајот на 2022 година го имплементира проектот преосмислување на управувањето, кој е поддржан од Владата на Одинетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје. Целта на овој проект и платформата „Одговорна Влада“ е да се зајакне транспарентноста на институциите кон граѓаните во испораката на резултатите, ветените политики и услуги, вели Димитар Врглевски од „Центарот за управување со промени ЦУП“ при неговото гостувањето во утринската емисија на „Слободен печат“.
Препорачано
-Во рамки на овој проект, меѓудругото ЦУП ја изработи и платформата одговорнавлада.мк, чија цел е да се следи степенот на реализација на програмата на Владата, односно да се следи колку Владата и институциите ги исполнуват и имплементират ветувањата кои претхподно политичките партии ги дале на граѓаните – посочи Врглевски.
Како што посочи тој платформата е креирана меѓудругото за следење на предизборните ветувања врз основа на програмите на партиите/коалициите за Парламентарните избори 2024 и ги прикажува конкретните ветувања на пет поголеми политички партии/коалиции кои беа дел од последниот мандат во Собранието.
Според Врглевски на платформата преставени се ветувањата во 11 општествени области и тоа дигитализација, добро управување, економија, енергетика, здравство, земјоделство, инфраструктура, образование, правда, пристапување кон ЕУ и политички систем, и труд и социјална политика. Сите содржини се на македонски, албански и англиски јазик.
– Платформата има за цел да ги стимулира граѓаните да барат по голема отчетност од Владата. Програмата за работа на самата Влада не се зборуваше толку често во предизборието и нашата идеја на ЦУП беше да ја подигнеме на повисоко ниво дискусијата околу самата програма за тоа што треба да сработи Владата. На веб-платформата сесодржани најважните елементи, т.е. индикатори кои по натака и во другите стратежки програми треба да бидат имплементирани – посочи Врглевски.
Од ЦУП истакнуваат дека оваа платформа odgovornavlada.mk треба да доведе до поголема одговорност на функционерите за испорака на ветувањата, а резултатите да бидат видливи, мерливи и споредливи за граѓаните да можат да ги следат.