Фото: Screenshot

ВИДЕО | „Винисиус умри“, скандираа навивачите на Барселона на прославата на титулата

Барселона сезонава по четири години стигна до титулата во Ла Лига која вкупно за Каталонците беше 27-ма во историјата.

Титулата Барселона ја потврди со победата за викендот против Еспањол, Реал Мадрид остана на недостижни 14 бодови на втората позиција. По освојувањето на титулата низ улиците на Барселона следуваше големо славје.

Во текот на вчерашниот ден машкиот и женскиот тим на Барселона кој исто така ја освои титулата во шпанското првенство се возеа со автобус низ преполните улици на градот. Околу автобусот се собраа навивачи кои ги пречекаа своите херои и ги поздравија со песни и аплаузи.

Но, на прославата беше забележано и срамно скандирање кон фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. На социјалните мрежи се појави видео на кое се скандира „Винисиус умри“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот