Фото твитер принтскрин

ВИДЕО | Украинка спасена од урнатините во Краматорск, полицијата со часови ја спасувала

Украинската полиција објави видео од спасување на жена од урнатините на станбена зграда во градот Краматорск по рускиот ракетен напад врз градот.

Спасувачите, соопшти полицијата, со часови копале низ урнатините на станбена зграда за да пронајдат жена која била закопана по ракетниот напад на руските сили.

Во ноќта од вторникот кон средата, три лица загинале во руски ракетни напади врз украинското црноморско пристаниште Одеса и исто толку во нападите врз источниот регион Доњецк, во кој е вклучен и Краматорск, објавија украинските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот