украинска армија Курск EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

ВИДЕО| Украина започна нова офанзива на руска територија! Изведен жесток напад врз курската област

Украинските вооружени сили наводно започнале нова офанзива во руската област Курск, објавија руските медиуми. Според руските воени блогери, украинските сили наводно нападнале југоисточно од Суџа, напредувајќи кон населбите Фанасеевка и Уланок.

Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина распоредила два механизирани баталјони за офанзивата. Како резултат на наводните борби, оштетен е гасовод во областа Рилски, изјави гувернерот на Курск, Александар Хиштејн. Украинските власти не ја коментираа офанзивата.

Операцијата уследи по вчерашните изјави на  претседателот Володимир Зеленски дека присуството на Украина во регионот Курск може да одигра „важна улога“ во идните преговори за ставање крај на војната.

Од август 2024 година, украинските сили зазедоа позиции во Курската област по прекуграничен упад во кој првично зазедоа 1.300 квадратни километри руска територија.

Оттогаш Киев изгуби околу половина од областа, но борбите продолжуваат. За време на шестмесечните борби во регионот, руските загуби достигнаа речиси 40.000 луѓе, вклучително и повеќе од 16.000 убиени, објави украинскиот Генералштаб.

– Украинската армија во вторникот изврши голем напад врз областа Курск, гаѓајќи ги руските позиции југоисточно од градот Суџ – соопшти руското Министерство за одбрана.

„Првичниот напад беше одбиен, со големи загуби за украинските сили“, се вели во соопштението.

Нападот бил концентриран околу селата Уланок и Черкаскаја Конопелка, кои се наоѓаат на околу 9 километри југоисточно од Суџа, соопшти руската војска.

Украинските сили напредуваа кон руските позиции во неколку бранови, но не успеаја да ги освојат населените места, соопшти Министерството.

Најмалку шест тенкови, три пешадиски борбени возила, три јуришни оклопни возила и 14 други оклопни возила се пријавени дека се уништени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот