
ВИДЕО | Украина објави дека со дрон неутрализирала брод на руската Црноморска флота
Видео на кое наводно се гледа како украински дрон удира и онеспособува брод на руската морнарица во Црното Море, е објавено од страна на украинската воена разузнавачка служба (ХУР).
Препорачано
Според украинската служба, нападот се случил вчера, во средата, кај Новоросијск, а целта бил брод од класата MPSV07 кој бил погоден додека бил на патрола во близина на руската област Краснодар, каде што е базата на Црноморската флота.
„Како резултат на нападот, електронските информациски системи на рускиот брод беа уништени, а бродот е ставен надвор од употреба и испратен на скапи поправки“, се вели во денешното соопштение на ХУР.
L’Ucraina ha colpito e messo fuori uso vicino a Novorossijsk una costosa nave di salvataggio del progetto MPSV07 della Flotta del Mar Nero russa. probabilmente si tratta della «Spasatel Demidov».
Una nave così costa 60 milioni $. La Russia ne possiede solo 4 pic.twitter.com/ketAKkOTsp— jacopo iacoboni (@jacopo_iacoboni) September 11, 2025
Во истата изјава се тврди дека целниот брод има проценета вредност од 60 милиони долари и дека е пуштен во употреба во 2015 година.
Како што објави „Киев Индепендент“, Русија има пет бродови од оваа класа, а шестиот е во изградба.
Според украинската веб-страница, бродот „Спасател Демидов“, кој е испорачан во 2015 година и е регистриран во пристаништето Новоросијск, спаѓа во оваа категорија.
Бродовите од класата на проектот MPSV07 се опремени со системи за нуркање, далечински управувани возила, сонар со странично скенирање и електронска информативна опрема и можат да се користат за инспекција на морското дно.