Фото: Јутјуб / принтскрин

ВИДЕО: Ученици од Кавадарци на екскурзија во Франција го туркаат автобусот за да запали

Родители на ученици од кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“ споделија снимка на која се гледа како нивните деца, кои се на екскурзија во Франција, го туркаат автобусот за да запали.

Како што пренесува порталот „Дума“, родителите не се задоволни од превозот што скопската туристичка агенција „Дипломатик“ го ангажирала за реализација на екскурзијата.

Учениците сведочат дека проблемите се појавиле уште на почетокот на патувањето, кога во Кавадарци дошле два автобуса, од кои едниот имал технички недостатоци, иако поминал технички преглед во Скопје.

Директорката на гимназијата, Јасмина Чулева, за „Дума“ изјави дека по првата интервенција, во која бил направен вонреден технички преглед и бил обезбеден исправен автобус, засега екскурзијата се реализира без проблеми, но дел од родителите го тврдат спротивното и, споделувајќи го видеото, велат дека превозот морал да биде подобар и побезбеден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот