
ВИДЕО | Трамп по комеморацијата во Пентагон за жртвите од 11 септември, се забавуваше на натпревар во Њујорк
Трамп по повод одбележувањето на 24-тата годишнина од терористичките напади на 11 септември, се „почести“ со следење на натпревар на омилениот бејзбол тим Јенки.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Додека знамињата во Белата куќа и низ целите САД беа спуштени на половина копје во знак на жалост за 24-годишнината од нападите на 11 септември, американскиот претседател одлучи да им оддаде почит на речиси 3.000 жртви со одење на стадионот.
President Donald Trump received cheers and boos as he attended a New York Yankees game to mark September 11 https://t.co/8rNIrEIxwa pic.twitter.com/vHQEimhIXo
— Reuters (@Reuters) September 12, 2025
Во сенката на убиството на Чарли Кирк, американскиот претседател, придружуван од првата дама, Меланија Трамп, во четврток наутро беа во Пентагон за да присуствуваат на годишната комеморативна служба за 11 септември.
Потоа, и во сосема поинаква атмосфера, во четврток навечер тој присуствуваше на бејзбол натпревар во Њујорк помеѓу „Њујорк Јенкис“ и „Детроит Тајгерс“.
Пред натпреварот, тој ги поздрави играчите во соблекувалната, додека – по влегувањето на стадионот – беше пречекан со навивање и исвиркувања, кои, сепак, не изгледа дека го погодија.
Во текот на целиот натпревар, американскиот претседател изгледаше весел и насмеан, поздравувајќи ја публиката и танцувајќи на музиката на својата омилена нумера од Вилиџ Пипл „YMCA“ на трибините.