
ВИДЕО | Трамп ја враќа смртната казна во Вашингтон
Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток потпиша претседателски меморандум со кој се враќа смртната казна во Вашингтон, додека главната обвинителка Пам Бонди додаде дека Министерството за правда ќе се обиде да ја воведе смртната казна во случаи низ целата земја, објави Си-ен-ен.
Препорачано
„Смртна казна во Вашингтон…“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
„Ако убијат некого, смртна казна. И се надевам дека нема да го сторат тоа“, продолжи тој, завршувајќи со игра на зборови за зборот „capital“, што значи главен град, (алудирајќи на главниот град на Соединетите Американски Држави, Вашингтон) и првиот збор од изразот „Смртна казна“ (capital punishment).
NEW: President Trump signs a presidential memorandum directing the enforcement of death penalty laws in Washington, D.C. pic.twitter.com/DlWuReusmR
— Fox News (@FoxNews) September 25, 2025
„Тоа е многу интересно смртна казна, главен град. Луѓе доаѓаат од Ајова да го видат споменикот на Линколн и гинат, не смееме да го дозволиме тоа“, рече тој карактеристично.
Во меморандумот се даваат конкретни упатства до Боди и до главната обвинителка на округот Колумбија, Џанин Пиро, „целосно да ја спроведат смртната казна во Вашингтон, каде што доказите и фактите од случајот укажуваат дека треба да се користи смртна казна“, изјави портпаролот на Белата куќа, Вил Шарф.
Боди, која стоеше до Трамп во Овалната соба, објави: „Не одиме само за Вашингтон, туку повторно за целата земја“.
Генералниот обвинител додаде дека Министерството за правда е во процес на префрлање на затворениците кои беа амнестирани од смртната казна на поранешниот претседател Џо Бајден во објекти со максимална безбедност.
„Ги преместуваме во Супермакс објекти каде што ќе се однесуваме кон нив како да се на смртна казна до крајот на животот“, рече Боди.
Претседателскиот меморандум и коментарите на Бонди доаѓаат откако Трамп минатиот месец изјави дека ќе се обиде да ја врати смртната казна во главниот град на земјата, нарекувајќи ја „многу силна пречка“. Државите, рече тој во тоа време, „ќе мора да донесат свои одлуки“.
Овој потег би можел да им помогне на градските судови да надминат значајни пречки, коментира Cи-ен-ен.
Традиционално, Врховниот суд во Вашингтон ги решава најголемиот дел од случаите на убиства во градот и е обврзан од градскиот кодекс кој не дозволува смртна казна.
Сепак, канцеларијата на американскиот обвинител во Вашингтон, која ги гони кривичните дела и во локалниот и во федералниот суд во градот – за разлика од која било друга јурисдикција во земјата – би можела да покрене федерални обвиненија во многу случаи што носат затворска казна и бараат смртна казна.
Смртната казна е укината во 23 од 50-те американски држави. Три други – Калифорнија, Орегон, Пенсилванија – спроведоа мораториуми за нејзино спроведување, со одлуки на нивните гувернери.