Пречек на Путин во САД од страна на Трамп

ВИДЕО | Трамп го критикуваше Путин: Убива луѓе без причина

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека бавното темпо на руската окупација на Украина, и покрај масовното бомбардирање на украинските градови, му штети на угледот на Русија. Тој нагласи дека постапките на рускиот лидер Владимир Путин доведоа до големи човечки загуби и уништување, но не го приближија крајот на војната.

Трамп уште еднаш го изрази своето разочарување од потезите на Путин и верува дека Русија врши масовни напади врз украинските градови и цивилната инфраструктура, но територијалните придобивки остануваат минимални.

„Многу сум незадоволен од она што го прави Русија и од она што го прави претседателот Путин. Воопшто не ми се допаѓа. Тој убива луѓе без причина. И тие го прават тоа многу лошо со оглед на тоа што ставија сè на коцка. Нивната економија се урива – изјави Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот