
ВИДЕО | Тошковски: Тројца сопственици на фабриката во Трубарево на распит во полиција, пожарот само локализиран
На вонредна прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше за преземените мерки во врска со пожарот кој попладнево избувна во магацини на фабрика за рециклажа на електричен отпад и пластика.
Препорачано
-Гасењето е ислучително тешко и ризично поради отпадот кој се запали, и применета е метода за гасење на ваков тип на пожари со ситeн песок. Пожарот е локализиран, не се проширил во околината и понатаму активен и гасењето е во тек. Поради пожарот во моментов во полиција на разговор се три лица, сопственици или управители на предметниот објект за рециклирање на отпад, рече Тошковски.
Истрагата се води во координација со јавен обвинител, додаде тој министерот без да соопшти повеќе детали за случајот кој се води во полиција.
Мерењата во непосредна близина на пожарот покажале дека има значително количество на штетни супстанци, но нема радиоактивно зрачење. Најзагрозени, според мерењеата на АБХО единицата на Министерството за одбрана се граѓаните кои живеат најблиску до опожарениот објект во радиус од 150 метри и таму има висока концентрација на штетни супстанци, додека на 400 метри од жариштето на пожарот, согласно мерните инструменти на Министерството за одбрана не е констатирано загадување на воздухот.
-Над 200 метри загаденоста е ниска, а над 400 метри не е констатирана загаденост. Му препорачуваме на локалното население, директно им се посочува да ги напуштат своите домови. Луѓето кои живеат до 400 метри ќе можат да се дислоцираат во центарот за обука во Идризово кој е непосредна близина, рече министерот.
За граѓаните Министерството за здравство ќе додели и заштитни маски поради токсичноста на воздухот во жариштето на пожарот.
Инцидентот во скопско Трубарево, според министерот Тошковски не е изолиран инцидент при што гореле отпади со електронски отпад во повеќе европски земји и станува збор за глобален проблем кој бара стандардизирани решенија.
-Ваков тип на пожар прв пат настанува на територијата на Македонија, кога се запалил објект за рециклажа на електронски отпад. -Побаравме и добиваме стручна помош од домашни и странски експерти. Нивниот совет беше дека кај ваков тип на пожари треба да се дејствува така што ќе се затрупа со песок. Ова што се случува се должи и на негрижа од претходни влади и тоа доведе до овие проблеми, и во Вардариште и Дрисла, рече Тошковски.
Вечерва на локацијата се присутни полициски и армиски сили, истражители, форензичари и други припадници на полицијата, покрај пожарникарите.