Елизабета Томевска-Илиевска, професорка на Институт за педагогија
Елизабета Томевска-Илиевска, професорка на Институт за педагогија / Утрински брифинг

ВИДЕО | Томевска-Илиевска: Од Институтот за педагогија излегуваат и првите учители за децата

Во Орхид ќе се одржи тридневна научна меѓународна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно образовни предизвици и перспективи“. За овој повод во Утрински брифинг разговаравме со Елизабета Томевска-Илиевска, професорка на Институт за педагогија на Филозофскиот факултет при УКИМ.

-Ние како институт организираме низа активности за одбележување на овој јубилеј кој го споделуваме со институтите за историја, историја на уметност и филозофија. Како институт се соочуваме со низа предизвици, а една од целите на конференцијата е промовирање на институцијата педагог. Нашите завршени студенти работат во основните и средните училишта, а можат и да работат во Бирото за развој и другите образовни институции и креатори на образовни политики, вели проф. Томевска-Илиевска.

Меѓународната конференција е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а ќе учествуваат 200 учесници со 190 научни трудови од кои ќе произлезе Зборник чијашто цел е да се лоцираат предизвиците во образованието и да се понудат решенија.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот