ВИДЕО | Тензично во албанското Собрание: Опозицијата се обиде да ја блокира говорницата

Претставници на опозициската Демократска партија денеска превртеа столчиња во албанското Собрание, по што се собраа на говорницата во обид да ја попречат расправата за предлог-законите.

Опозициските пратеници ја блокираа говорницата со столчиња, а користеа и пиротехнички средства во салата, јавуваат албанските медиуми. Претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола, на отворањето на седницата посочи дека се што се случува е „срам за албанскиот парламентар“.

„Заборавете дека парламентот не се фотелји, не е зграда, тоа е одговорност и волја која ви недостига“ рече Никола, обраќајќи и се на опозицијата.

И покрај опструкциите, Собранието усвои неколку предлог-закони за кои е планирано да се расправа на денешната седница, меѓу кои и измените на законот за државно правобранителство и за ратификација на договорот меѓу Албанија и Бугарија за социјална заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!