ВИДЕО | Стефановски: Во рашомонијадата со Мијалков од авион се гледа дека институциите не функционираат

Јас не гледам сценарио во кое што оваа рашомонијада (случајот со Мијалков) која што се случи последниве неколку дена нема да биде оценета негативно. Ние уште еднаш покажавме дека сме прилично несериозна држава кога станува збор за функционирањето на институциите, особено оние од правосудството, но и прилично некадарни кога станува збор за владеењето на правото, но и поделбата на власта. Доколку ЕК и целата структура под неа објективно и независно гледа на овие процеси, ова дефинитивно ќе најде место во следниот годишен извештај, а тонот би требало да биде прилично негативен, изјави во Утрински брифинг, Иван Стефановски извршен директор на ЕВРОТИНК.

-Премиерот Заев вечерта пред Владата кажа неколку работи кои се темелно спорни. Не може Владата да ги координира правосудните органи. Ниту обвинителството, ниту судството. Судството е посебна гранка, посебна власт. Тоа што премиерот го направи пред владата беше погазување на принципот на поделба на власт. Навистина жалам што многу малку се обрна внимание на ова. Не може премиер на една држава да каже – удривме по најблиските. Државата треба „да удри“ согласно владеењето на правото по оној кој што е обвинет во рамки на Уставот и законите. Каде е основниот проблем со МВР? МВР испраќа официјално соопштение до јавноста каде вели дека домашниот притвор до Мијалков, онака како што е определен од судот, велат дека не можат да го спроведат од причина што немаат алка за следење на обвинетиот и не може да спроведат видео и аудио надзор. Ова за мене е скандалозно, вели Стефановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот