Стампедо во Индија - Извор Х

ВИДЕО | Стампедо на собирот на индиски актер и политичар, најмалку 23 мртви

Најмалку 23 починаа, меѓу кои три деца, а околу 30 се повредени од стампедо на митингот на познатиот тамилски актер и политички лидер Виџај, објави денес „Тајмс оф Индија“, повикувајќи се на министерот за здравство на Тамил Наду, Ма Субраманијан.

Најмалку 24 лекари од блискиот округ Тиручи и 20 лекари од Салем се испратени во Карур, соопшти TOA.

 

Толпа на преполн митинг во Карур

Стампедото се случи на преполн митинг на Виџај во градот Карур. Според индиските медиуми, неколку членови на неговата партија Тамилага Ветри Кажагам (ТВК) ја изгубиле свеста и биле итно однесени со брза помош. Виџај за момент престанал да зборува и лично им делел шишиња со вода на толпата за да им помогне.

Ова е уште еден во низата проблеми со масовните собири во Тамил Наду, каде што политичките партии традиционално собираат десетици илјади луѓе на отворени простори без строги контроли за влез.

Кој е Виџај?

Џозеф Виџај Чандрасекар, познат како Виџај, е индиски актер и политичар роден на 22 јуни 1974 година во Ченај, Тамил Наду. За време на неговата повеќе од триесетгодишна кариера, тој снимил 68 филмови и станал една од најголемите ѕвезди на тамилското кино. Во февруари 2024 година, тој ја основал својата политичка партија Тамилага Ветри Кажагам (ТВК) и започнал активна улога во политиката на индиската држава Тамил Наду.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот