ВИДЕО: Спасено бебе во Турција кое под урнатините било 55 часа, мајката го одржувала во живот со доење

Едноиполгодишното бебе Маса кое 55 часа беше под урнатините од станбена зграда во Караманмарас, Турција е спасено.

За време на спасувачката акција по чуениот глас од урнатините, спасувачите ископале тунел до местото каде што биле заглавени едноиполгодишната Масал и нејзината мајка Јелиз Кираџакали (23).

Мајката на спасувачите им кажала дека бебето го одржувала во живот со доење.

Таткото на денот на земјотресот успеал сам да се извлече од под урнатините.

Камерите ja снимија и емотивната средба меѓу таткот и неговата ќерка Маса, од која никој не би останал рамнодушен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот