Ерика Кирк / Фото: скриншот

ВИДЕО | Сопругата на убиенот Чарли Кирк: Немате поим каков оган запаливте

Сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона. Ерика Кирк стоејќи покрај празната столица што ја користеше нејзиниот сопруг за снимање поткаст, во пренос во живо им се заблагодари на службите за итна помош и на Белата куќа, а потоа им се обрати на злосторниците.

Таа цитираше делови од Библијата и зборуваше за неговата љубов кон Доналд Трамп, Џ.Д. Венс, САД и нивните две деца, пишува Би-Би-Си.

„Немате поим каков оган запаливте кај оваа сопруга, плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ целиот свет како борбен повик. Секој треба да го знае ова: Ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг претходно беше моќна, немате поим, немате поим сега што ослободивте низ оваа земја и светот“ порачаа таа.

Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен.

Претседателот Доналд Трамп најави дека постхумно ќе му додели Медал на слободата, опишувајќи го како првак на генерацијата.

„Трнинг поинт УСА“ го нарече својот основач маченик и пионер. Потпретседателот Џ. Д. Венс го пренесе ковчегот во Феникс со владин авион.

Ерика Кирк, поранешна Мис Аризона и мајка на две деца, најави дека турнејата и подкастот на нејзиниот сопруг ќе продолжат.

Неиспуканите чаури на убиецот на Чарли Кирк со морничави гравирани пораки: „Еј, фашисту! Фаќај!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот