
ВИДЕО: Сопругата на полицаецот кој загина во „Пулс“ изнесе тешки обвинувања кон Тошковски
Сопругата на полицаецот од Пробиштип Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешниот собир во градот по повод шест месеци од трагедијата, изнесе низа тешки обвинувања кон министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Препорачано
Таа бараше правда од институциите и јавно го обвини Тошковски дека го поткупил неговото семејство за да не бара оставка, пренесе „Инфомакс“.
„Ветивте дека ќе ја спроведивте правдата за Тоше, кој зад себе остави две малолетни деца. Ми ветивте работа, а на негово место ја вработивте сестра му. Пет месеци ја чекав пензијата, никој не ме праша како сум и што поминувам“, рече сопругата на загинатиот полицаец.
Таа објави дека била оставена без поддршка од свекорот и сестрата на сопругот, свекорот оставил сметка во полиција и собирал донации за децата кои беа останаа без татко. Иако тој тврди дека се грижи за децата и сега е нивни татко, го гледа само својот интерес, според нејзиното тврдење.
„Татко му, со поткуп од министерот Тошковски, ја продаде смртта на мојот сопруг. „Министре, не давајте оставка“ му рекол тој, ама по девет дена тие отидоа во канцеларијата на Тошковски да разговараат, бидејќи со договор и поткуп сѐ се може, само децата мои без татко останаа“, рече жената.
Сопругата на починатиот полицаец вели дека сите пари од донации одат кај дедото на децата, наместо кај нив, но тоа ништо не им значи бидејќи тие пари нема да го вратат нивниот татко.
Блиските на жртвите денеска побараа оставки од министерот за надворешени работи Панче Тошковски и Претседателот Христијан Мицкоски поради несовесно работење.