алепо аеродром принтскрин ИКС

ВИДЕО| Сириските бунтовници го освоија аеродромот во Алепо

Фотографиите покажуваат како сириските бунтовници ја отстрануваат сликата на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговиот покоен татко Хафес ал Асад од Меѓународниот аеродром. На пистата на аеродромот се гледаат и бунтовници.

Бунтовниците, исто така, ја презедоа контролата врз воениот аеродром Ал Наџраб на периферијата на Алепо, според сликите објавени во понеделникот.

„Бунтовничките сили го зазедоа аеродромот и воената академија на Алепо, вториот по големина град во Сирија, и ги нападнаа предградијата на западниот град Хама“, соопштија бунтовничките претставници и Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), објави Њујорк тајмс.

Владините трупи лојални на Асад се обидоа да ги одбијат нападите, испраќајќи засилување во битката и изведувајќи воздушни напади врз Алепо.

Бунтовниците го освоија поголемиот дел од Алепо во ненадејна офанзива еден ден претходно. Тие сега контролираат голем дел од земјата низ провинциите Хама, Идлиб и Алепо, во Западна и Северозападна Сирија, соопштија претставниците на администрацијата поврзана со бунтовниците.

Жестоки борби избија денеска меѓу сириската армија и коалицијата на бунтовници предводена од радикални исламисти, кои се обидуваат да напредуваат кон стратешки важниот град Хама, во истоимената провинција во центарот на земјата, јавува невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права.

„Во северниот дел на провинцијата Хама се водат жестоки борби додека руските и сириските воздушни сили изведуваат десетици напади врз позициите на бунтовниците“, соопшти Опсерваторијата.

Градот Хама е четврти по големина во Сирија и има околу еден милион жители. Според последните непотврдени извештаи, бунтовниците тврдат дека сега контролираат три града северно од Хама.

Беспилотно летало на израелското воено воздухопловство истрела проектил кон автомобил на автопатот од Дамаск до меѓународниот аеродром, јави сириската државна новинска агенција САНА.

„Автомобилот експлодираше како резултат на израелски воздушен напад на автопатот што води кон меѓународниот аеродром во Дамаск“, соопшти САНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот