Фото: Kosovo online

ВИДЕО: Детонации и сирени во Зубин Поток, Лепосавиќ и Митровица

Членовите на општинската изборна комисија во Северна Митровица, придружувани од специјалната косовска полиција, упаднаа во просториите што ги користеше ОИК на претходните избори, а градот ечи од истрели и сирени, објави Косово Онлине.

Сирени се слушаат и во Лепосавиќ, а забележливо е зголемено присуството на припадници на ЕУЛЕКС.

Граѓаните јавуваат дека хеликоптер на Кфор во неколку наврати ја прелетувал општината.

Претходно околу 12 часот, членовите на општинската изборна комисија во Зубин Поток, придружувани од косовската полиција, влегле во зградата на општина Зубин Поток, што предизвикало бунт кај граѓаните, кои случајно се нашле таму, а биле пуштени сирени.

Се слушнале две експлозии, а од општинската зграда по неколку минути излегле членови на општинската изборна комисија и припадници на косовската полиција.

Денешната акција на полицијата и членовите на општинската изборна комисија е спроведена по налог на централната изборна комисија, која има намера да организира вонредни избори за претседателите на општините Зубин Поток, Северна Митровица, Лепосавиќ и Звечан на 18 декември.

Според информациите од местото на настанот,во Општина Зубин Поток, биле искршени вратите и сменети бравите, објави Блиц.

На изборите во Зубин Поток се пријавија двајца албански и ниту еден српски кандидат.

Претседателите на четири општини на 5 ноември одлучија да ги напуштат сите косовски институции заедно со другите Срби на северот на Косово незадоволни од одлуките на владата во Приштина.

Во Зубин Поток е мирно по повлекувањето на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот