фото: Земјотрес, магнитуда

ВИДЕО | Силен земјотрес ја погоди Венецуела, граѓаните излегоа на улиците

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот дел на Венецуела во средата, соопшти Американскиот геолошки завод (УСГС), објави Ројтерс.

Епицентарот се наоѓал 24 километри источно-североисточно од Мене Гранде, а фокусната длабочина се проценува на околу 8 километри.

Засега нема извештаи за жртви.

Поради силниот потрес граѓаните во паника излегоа на улиците.

Од своја страна, министерот за внатрешни работи Кабело го цитираше сеизмолошкиот институт на Венецуела (Funvisis): „Тоа беше земјотрес со јачина од 5,4 степени“, рече Кабело, „без значителни штети на зградите“ и тоа се должи на „квалитетот на градежништвото во Венецуела“.

Геолошката агенција на соседната Колумбија соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени и бил почувствуван во земјата и на некои карипски острови.

Земјотресот ги потресе зградите во Каракас и Маракаибо, меѓу другите, објави АФП повикувајќи се на изјави на жителите.

Венецуела, каде што околу 80% од населението живее во зони со висок ризик од земјотреси, не доживеала голем земјотрес од оној во Кариако во 1997 година, кога загинаа 73 лица.

Во 1967 година, земјотрес со јачина од 6,5 степени во Каракас уби 283 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот