unsplash
unsplash

ВИДЕО: Што се случува со храната на која ќе слета мува?

Мувите се одбивни за многумина со добра причина – докажано е дека пренесуваат многу болести. Што може да се случи кога ќе слетааат на вашата храна?

Многу е веројатно дека само ќе ја избркате мувата со рака и продолжувате да јадете. Но, дали треба да се грижите за бактериите?

Се чини дека треба, тврди научникот и директор на лабораторијата за животна средина од универзитетот Фордам во Њујорк, Томас Даниелс. Тој вели дека има најмалку сто различни видови бактерии и вируси кои една мува може да ги пренесе.

Според „The Healthy“, кога мувата собира бактерии, може и да ги пренесе. Едно од тие места е вашата храна, дури и ако застанала на неа само неколку секунди.

„Постои ризик од инфекција и заболување, без оглед на тоа што количината на бактерии што успева да ги пренесе за тоа кратко време“, тврди Даниелс.

Сепак, поголема опасност доаѓа кога мувата повраќа. Да, звучи ужасно. Едноставно, кога станува збор за вашата храна таа не се обидува да ја јаде директно, туку ослободува сокови на неа за да може да ја омекне и да може да ја јаде во течна форма.

Ова не e најлошиот дел. Течноста во телото што ја ослободува врз храната е полна со бактерии. Некои од болестите што мувите можат да ги пренесат се навистина опасни. Ешерихија коли, салмонела, хепатитис А и ротавирус, вели специјалист за заразни болести Брент В. Ларк. Друга болест е Шигела (шигелоза) – предизвикува дијареја, висока температура и неподнослива болка во стомакот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот