
ВИДЕО | Шокантна снимка од Англија: Две лица се борат со мачети на улица, полицијата веднаш ги уапси
Морничава снимка од двајца мажи кои се борат со мачети на улица во регионот Ланкашир во Англија беше објавена денеска на интернет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Полицијата одговорила на повикот на местото на инцидентот во градот Моркам околу три часот попладне во неделата, по извештај за тепачка меѓу два наоружани мажи, пренесува Дејли мејл. На шокантната снимка подоцна објавена може да се видат двајца крвави мажи како замавнуваат со своето оружје еден на друг, додека минувачите врескаат.
Двајцата мажи се од Моркам и се на возраст од 31 и 26 години, а уапсени се заради сомнение за напад, рекла полицијата на Ланкашир, додавајќи дека е покрената истрага.
Инцидентот се случил неколку часа пред да биде повикана полицијата заради вооружена тепачка меѓу повеќе мажи во Блекбурн околу 11.30 часот. Две лица се повредени, еден на главата, додека другиот имал убодни рани на рацете, градите и грбот. Двајцата се хоспитализирани, истрагата е во тек, а не е познато дали овие два инциденти се поврзани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5