Убиство во Мексико принтскрин jутјуб

ВИДЕО | Секретарката и советникот на градоначалничката на Мексико Сити убиени среде бел ден на улица, снимен е напаѓачот

Двајца од најблиските соработници на градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада, беа убиени вчера, среде бел ден во центарот на градот, откако беа нападнати од напаѓачи на мотоцикл, објави Ројтерс. Химена Гузман, секретарката на градоначалничката, и Хозе Муњоз, нејзиниот советник, беа убиени, потврдија градските власти.

Убиствата го потресоа мексиканскиот главен град, кој се смета за еден од ретките побезбедни подрачја во земјата растргната од насилство. Политички мотивираните напади станаа честа појава во многу делови од Мексико, каде што десетици локални политичари и кандидати беа убиени во убиства претежно поврзани со нарко-картели кои се обидуваа да го прошират своето влијание.

Според првичните информации, Гузман била на пат кон работа и застанала на прометна авенија во центарот на градот за да остави колега, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител. Потоа на Муњоз му се приближиле двајца напаѓачи на мотоцикл и тој бил застрелан среде улица.

Потоа напаѓачите испукале најмалку четири куршуми кон Гузман, која била во автомобилот, убивајќи ја на лице место. Видеотo од напаѓачoт како пука во автомобил беше објавено на социјалните мрежи.

„Сè укажува на егзекуција организирана од картел“

Властите сè уште не го објавија мотивот за нападот, но безбедносните експерти велат дека сè укажува на егзекуција организирана од картел. Градската канцеларија за цивилна безбедност објави дека мотоциклот е пронајден недалеку од местото на нападот, како и друго возило во областа Изтакалко. Истражителите во моментов анализираат балистички докази и отпечатоци од прсти од местото на злосторството.

„Ова е ужасен злостор и ние ќе ѝ ја пружиме целата потребна поддршка на градоначалничката“, рече Шајнбаум. Бругада нагласи дека сторителите нема да останат неказнети. Како што потврди функционер на градската администрација, таа не била во возилото во времето на нападот.

„Ова е брутална порака до Бругада“

Локалните медиуми објавија фотографии од црно „ауди“ со четири дупки од куршуми на шофершајбната. Едното тело било покриено со чаршаф во автомобилот, додека другото лежело на тротоарот, исто така покриено со бел чаршаф. Полицијата го опколила местото за да може форензичарот детално да го испита местото на злосторството.

„Тоа е брутална порака до Клара (Бругада), зад која несомнено стојат нарко-картелите“, рече експертот за безбедност Дејвид Сауседо. Тој додаде дека криминалните групи, погодени од заплените на дрога, претходно ги нападнале градските власти.

Во 2020 година, тогашниот началник на полицијата на Мексико Сити, Омар Гарсија Харфух, сегашен федерален министер за безбедност, беше ранет во обид за атентат во кој беа убиени двајца негови телохранители.  Тој тогаш обвини еден од најмоќните нарко-картели во Мексико, „Халиско Нуева Генерацијасион“, дека стои зад нападот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот