Принтскирн - РТВ

ВИДЕО | Руски војник призна на државната телевизија дека им ги отсекол прстите на украинските војници

За време на емисија на руската државна телевизија, руски војник јавно призна дека тој и неговите соборци им ги отсекувале показалците на заробените украински снајперисти. Изјавата беше дадена среде репортажа за војната во Украина и помина без прекин од водителите или реакции од продукцијата.

Во видеото, кое се прошири и на социјалните мрежи, војникот со ладнокрвие го опишува чинот, притоа не изразувајќи жалење или страв од последици. Признанието предизвика згрозеност кај меѓународната јавност, а дел од медиумите и правни експерти го окарактеризираа како индиректно признавање на воен злостор.

Сè уште нема официјален коментар од страна на Кремљ или руското Министерство за одбрана, додека украинските власти и организации за човекови права бараат итна истрага и меѓународна реакција, пренесуваат медиумите.

Инаку од почетокот на војната во Украина, имаше неколку извештаи за тоа како Русите намерно ги ампутираат екстремитетите на украинските затвореници, за да не можат да се вратат на бојното поле.

Руската агресија врз Украина влезе во својата четврта година, а оттогаш загинаа десетици илјади Украинци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!