Руски аналитичари

ВИДЕО | Руски пропагандисти признаваат застој: Ги потценивме Украинците

По месеци несогласување околу можните мировни преговори, Белата куќа и дел од руските пропагандисти се најдоа на иста линија: војната во Украина не оди добро за Москва, наведува „Киев индепендент“.

Американскиот потпретседател Џej Ди Венс на 28 септември изјави: „Русите треба да се разбудат и да ја прифатат реалноста. Многу луѓе умираат, а немаат со што да се фалат“.

Неколку дена претходно, претседателот Доналд Трамп посочи дека Русија „потрошила милиони и милиони долари на бомби, ракети, муниција и животи“ без да заземе значителна територија.

Признавања од проруски гласови

Последниве недели, се повеќе проруски коментатори признаваат дека офанзивата е заглавена, со огромни жртви и мал напредок.

Според украинската мониторинг група „Дип Стејт“, Русија зазела 1.548 квадратни километри во три месеци, но изгубила речиси 95.000 војници – просечно 1.030 дневно. Тоа претставува само 0,003% од украинската територија.

Пропагандистката Татјана Монтјан предупреди дека Москва нема доволно луѓе за нови офанзиви и дека без пробив во оваа кампања, ќе биде неизбежен нов бран мобилизација.

Уште поотворено, сенаторот Дмитриј Рогозин на 21 септември изјави дека фронтот е „во ќорсокак“ и дека „невозможно е да се оди напред“.

Павел Губарев, поранешен проруски лидер во Донецк, оцени дека загубите се огромни бидејќи Русија речиси постојано напаѓа, а Украина претежно се брани.

„Сегашната ситуација е веќе практичен пораз за нас“, напиша тој.

Нашите бројки не се точни

Во државната програма „Место за состаноци“ на НТВ, еден гостин отворено оспори официјални податоци за украинските загуби.

„На почетокот на војната украинската армија имаше околу 800.000 луѓе. Со дополнителни регрути, бројката расте за 100.000 до 120.000 годишно. Невозможно е да имаат 2 милиони загуби – тогаш армијата воопшто немаше да постои“, рече тој.

Водителот го праша: „Значи мислите дека нашето Министерство за одбрана лаже?“. Гостинот одговори: „Не само нашето… голема грешка е да се потцени украинската армија“.

Растечки замор во Русија

Украинскиот аналитичар Иван Ступак предупреди дека влијанието на ваквите изјави ќе се мери преку реакциите на властите.

Пропагандистите зборуваат сè додека им е дозволено. Ако тоа предизвикува штета, ќе го видиме во постапките на властите“, изјави тој за „Киев Индепендент“.

Ступак додаде дека признанијата укажуваат на растечки замор во руското општество, кое спротивно на наративот на Кремљ не е подготвено за војна без крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот