Киев/EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

ВИДЕО | Руски бомбардери и дронови ја погодија Украина

Русија во текот на ноќта започна масовен воздушен напад врз Киев и други украински градови, користејќи бомбардери и стотици дронови. Во целата земја беше прогласена воздушна тревога, дури и во региони далеку од фронтот.

Украинските власти соопштија дека најголема штета претрпеа Киев и Запорожје. Како што пренесува Ројтерс, во главниот град делумно е уништена петкатна зграда и оштетена станбена инфраструктура, при што пет лица се повредени. Во Запорожје, пак, нападите предизвикаа оштетување на повеќе куќи, станбени згради, училиште и производствени капацитети, а петмина беа повредени.

„Проектили сè уште паѓаат врз градот“, предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, повикувајќи ги граѓаните да останат во засолништа.

Како одговор на нападите, Полска ги крена своите борбени авиони и привремено го затвори воздушниот простор над Лублин и Жешов поради „непланирани воени активности“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот